Линкови за пристапност

Јужна Кореја вели дека Северна Кореја може да изведе лансирање во сабота


Претседателот на Јужна Кореја Ли Мјунг-бак вели дека очекува Северна Кореја да ја лансира својата ракета со долг домет во сабота, доколку временските услови дозволат – потег за кој тој вели дека нема да му користи на Пјонгјанг.

Зборувајќи со група новинари во Лондон, каде присуствуваше на самитот на Г-20, Ли кажа дека е речиси сигурен оти Северна Кореја ќе го лансира проектилот.

Медиумските извештаи цитираат американски армиски извори кои велат дека Северна Кореја се чини дека ја полни со гориво ракетата со долг домет подготвувајќи ја за лансирање во наредните денови.

Северна Кореја кажа дека има планови за лансирање на сателит за комуникации меѓу сабота, 4-ти април, и среда, 8-ми април. Но некои соседи и САД веруваат дека Северот сака да тестира проектил со долг домет.

Американскиот Стејт департмент вчера кажа дека се во тек дипломатски напори за спречување на лансирањето на, како што се верува, повеќенаменската ракета.

XS
SM
MD
LG