Линкови за пристапност

Ердоган се противи на кандидатурата на данскиот премиер за Генерален секретар на НАТО


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го повтори несогласувањето со номинацијата на данскиот премиер Андреас вог Расмусен на функцијата Генерален секретар на НАТО.

Турскиот лидер НАТО ја нарече организација чија основна задача е да обезбеди мир. Тој подвлече дека данскиот премиер не одговорил позитивно на турските повици Данска да ја затвори курдската сателитска телевизиска станица. Турција оваа телевизија ја смета за медиум преку кој курдските бунтовници во Турција ги изразуваат своите ставови. Ердоган рече дека е скептичен за способноста на Расмусен да придонесе за светскиот мир.

Коментарите на турскиот лидер уследија откако данските медиуми објавија дека Расмусен ја потврдил кандидатурата за функцијата Генерален секретар на НАТО. Сепак, Ердоган не беше дециден дали Турција ќе стави вето на номинацијата.

На Самитот на Алијасата што започна денеска во Стразбур, ќе се дискутира и по прашањето за наследникот на актуелниот Генерален секретар на НАТО, Јаап де хоп Шефер.

XS
SM
MD
LG