Линкови за пристапност

100-тина и натаму во затвор по анти-НАТО протестите


Француската полиција вели дека околу 100 демонстранти и натаму се во притвор по насилните протести во Стразбур воочи Самитот на НАТО на кој ќе биде одбележана и 60-годишнината од формирањето на Алијансата.

Властите велат дека тие демонстранти биле меѓу 300-те лица кои беа уапсени за време на синоќешните судири меѓу демонстрантите и полицијата.

Полицијата употреби солзавец да ги растера насобраните лица кои кршеа прозорци и палеа канти за отпадоци, додека безбедносните сили се обидуваа да ги спречат во обидите да дојдат до централниот дел на Стразбур.

Американскиот претседател пристигна во Стразбур за дводневниот Самит на НАТО, на кој се очекува да има средби со лидерите на земјите-членки на Алијансата. Самитот освен во Стразбур, ќе се одржи и во Кел, Германија, во луксузното одмаралиште Баден-Баден.

Германските и француските власти распоредија околу 25.000 полицајци за обезбедувањето на двата града.

XS
SM
MD
LG