Американските власти велат дека вооружен напаѓач отворил оган во имиграциониот центар Бингамтон во сојузната држава Њујорк, при што ранил четири лица, а најмалку 20 држи во заложништво.
Надлежните велат дека напаѓачот со своето возило го забарикадирал споредниот влез на Американската граѓанска асоцијација, влегол во зградата и почнал да пука со автоматско оружје.
Зградата во три часот попладне во петок е опколена од полиција, а Федералното истражно биро на местото на настанот испрати преговарачки тим. Сите домови во областа се евакуирани.
Според веб-страницата на Американската граѓанска
асоцијација, центарот обезбедува низа услуги за имигранти и бегалци, меѓу нив и
советодавни, дава помош при преселба, во процесот на добивање на државјанство и
помага во повторно обединување на семејствата.