Линкови за пристапност

Ајова: Забрана на истополовите бракови е неуставно


Врховниот суд насојузната држава Ајова едногласно реши дека забраната за склучување истополови бракови е противуставна, станувајќи трета држава во САД што дозволува такви бракови.

Во денешната пресуда, Судот вели дека забраната на истополови бракови претставува прекршување на уставната гаранција за еднаква заштита.

Истополовите бракови веќе се легални во североисточните држави Масачусетс и Конектикат.

Случајот Ајова датира од 2005 година, по жалбата поднесена од група за заштита на правата на хомосексуалците, во име на шест двојки од обата пола.

Групите за заштита на правата на хомоцексуалците пресудата во Ајова ја оквалификуваа како голема победа.

Оние кои ја поддржуваат забраната за склучување на истополови бракови, велат дека оваа одлука е загрозување на институцијата брак.

XS
SM
MD
LG