Линкови за пристапност

САД и Јужна Кореја бараат остра реакција на лансирањето на проектил


САД и Јужна Кореја велат дека ќе побараат остра и единствена реакција од меѓународната заедница доколку Северна Кореја продолжи со плановите за лансирање на ракета за тестирање наредните денови.

Белата куќа вели дека претседателот Барак обама и неговиот јужнокорејски колега, Ли Мјунг-бак, се согласиле за време на разговорите во Лондон дека тесно ќе соработуваат на планот на одговор на потегот во ОН.

САД, Јужна Кореја и Јапонија на лансирањето на ракетата гледаат како на покритие за тестирање на балистички проектил со долг домет. Тие исто така велат дека лансирањето ќе значи прекршување на резолуции на ОН.

Северна Кореја има кажано дека планира да испрати сателит во вселената за мировни цели. Нејзината армија се закануваше дека веднаш ќе одговори со удар доколку има обид да се собори нивната ракета.

XS
SM
MD
LG