Линкови за пристапност

Обама вели дека предизвиците на 21-от век бараат колективна акција


Американскиот претседател Барак Обама вели дека на предизвиците на 21-от век не може да се одговори без глобална колективна акција.

Обама ова го кажа пред новинарите во четврток, на затворањето на економскиот самит на Групата 20 во Лондон.

Претседателот Обама рече дека имал вредни и продуктивни лице-в-лице разговори со неговите колеги од Русија, Кина, Британија и Индија, на маргините на самитот.

Тој кажа дека темите за кои разговарале вклучуваат намалување на светската нуклеарна закана и борба против тероризмот.

Запрашан во што неговата надворешна политика се разликува од поранешниот американски претседател Џорџ В. Буш, тој одговори дека САД најдобро ја играат својата водечка улога кога ги слушаат и соработуваат со другите нации. Тој исто така кажа дека Америка мора да се труди да биде модел преку сопствениот пример и да покаже елемент на скромност.


XS
SM
MD
LG