Линкови за пристапност

Обама: Групата 20 мора да најде заедничка основа 


Лидерите на Групата 20 најголеми економии се среќаваат во Лондон на самит чија цел е договарање решенија за глобалната економска криза.

Британскиот премиер Гордон Браун ги поздрави шефовите на влади кои пристигнаа на локацијата на самитот во четвртокот.

Браун и американскиот претседател Барак Обама изразија увереност дека лидерите на Г-20 ќе дојдат до цврста согласност.

САД и Британија сакаат поголемо владино вложување за поттикнување на економскиот растеж, но Франција и Германија вршат притисок за посилниа финансиска резолуција како примарен фокус.

Обама, не придавајќи големо значење на разликите, рече дека лидерите на Г-20 можат да дојдат до план што ќе ги постигне двете работи.

После средбата со британскиот премиер Гордон Браун вчера Обама кажа дека има огромен консензус меѓу лидерите на Г-20 за заеднички да се работи на оживување на економијата.

XS
SM
MD
LG