Линкови за пристапност

Мишел Обама привлекува големо внимание во Лондон


Американската прва дама Мишел Обама денеска посети Центар за грижа на болните од рак и и` се придружи на сопругата на британскиот премиер Гордон Браун, во церемонија на одбележување на првата годишнина од отварањето на центарот. Мишел Обама беше топло поздравена во Центарот каде разговараше со некои од пациентите. Пред објектот толпи луѓе ја поздравија првата американска дама извикувајќи „Обама, Обама.“

Мишел Обама за време на посетата на Лондон на маргините на Самитот на Групата 20, треба да се сретне со Кралицата Елизабета и Принцот Филип, како и со авторката на популарниот роман „Хари Потер“, Џеј Кеј Ролинг.

Британските медиуми со пофални зборови пишуваат и зборуваат за сопругата на американскиот претседател, велејќи дека е софистицирана, некои ја нарекоа „моќната Мишел“, а други дека донела „класа“ во британскиот главен град.

XS
SM
MD
LG