Линкови за пристапност

Хрватска и Албанија стануваат НАТО членки


Хрватска и Албанија го завршија процесот на апликација за пристапување кон НАТО како 27-та и 28-та членка на Алијансата. Обете земји ги поднесоа документите за пристапување на церемонија во американскиот Стејт департмент.

Хрватската амбасадорка во САД, Колинда Грабар-Китаровиќ изјави дека нејзината земја е целосно определена на вредностите и интересите на сите сојузници на НАТО. Таа истакна дека оваа рунда на проширување е важна за цела југоисточна Европа поради тоа што ќе помогне за безбедноста и стабилноста на регинот.

Албанскиот амбасадор Александар Салабанда рече дека Албанија е подготвена да се справи со предизвиците и одговорностите што ги носи членството во Северноатланската Алијанса.

И обете земји како официјални членки ќе учествуваат на Самит на НАТО во Германија и Франција подоцна неделава, кој ќе ја одбележи 60-та годишнина од постоењето на Алијансата.

XS
SM
MD
LG