Линкови за пристапност

НАСА претстави модел на наредната генерација вселенски летала


Американците во понеделникот добија можност да го видат моделот на новото вселенско летало „Орион" што треба да го врати човекот на Месечината до 2020-та. НАСА планира со вакви летала да започне нова ера во вселенските истражувања.

Раководителот на проектот „Орион" на НАСА, Дон Пирсон, одговараше на прашања на насобраните покрај моделот на леталото на Националното шеталиште во Вашингтон. „Орион" ќе го врати човекот на Месечината до 2020-та, половина век откако тој првпат стапна на неа.

-Моделот е во оригинална големина. Ќе понесе шест астронаути. Орион е од новата генерација летала што ќе се користи по пензионирањето на спејс-шатл леталата наредната година, вели Пирсон.

За позирање или допирање, „Орион" и само како модел привлече големо внимание во Вашингтон. Пирсон вели - тоа ќе придонесе новите генерации да се заинтересираат за науката и математиката:

-Кога за прпат лансиравме спејс-шатл, владееше возбуда – авион, свртен на страна, лансиран во вселената. Нека биде исто и со „Орион".

НАСА го планира човековото враќање на Месечината како преодна фаза за испраќање на астронаути на Марс. Самата одисејата до и од Марс би траела три години. Пирсон се надева дека некои од децата кои ги сретна неделава - еден ден ќе учествуваат во таа мисија.

XS
SM
MD
LG