Британскиот премиер Гордон Браун вели дека Групата 20
најголеми економии ќе се согласи на нови ограничувања на платите на банкарите
на самитот во Лондон, во четврток.
Браун вели дека новите правила се дизајнирани со цел да
се спречат директорите на банките да се однесуваат неодговорно, што доведе до
глобалната финансиска криза.
Во говор во вторник, во Лондон, тој кажа дека најголем
број луѓе не можат да прифатат компаниите да ги наградуваат неуспесите или
директорите да стануваат побогати со правење лоши зделки со пари на муштериите.
Француски претставник вели дека претседателот Николас
Саркози ќе замине од самитот на Групата
20 доколку на него не се постигне согласност за постриктна регулатива на глобалните финансиски пазари.
Францускиот Министер за финансии Кристин Лагард за
британската телевизија БиБиСи кажа дека Саркози нема да го потпише коминикето од самитот ако не бидат постигнати резултати.
Американскиот претседател Барак Обама исто така ќе
присуствува на самитот. Тој во Лондон ќе пристигне во вторник, и е негово прво патување во
Европа откако дојде на функцијата.