Линкови за пристапност

Медведев изложи план за подобри американско-руски односи


Рускиот претседател Димитри Медведев вели дека е потребно Русија и САД да ги обноват односите, но и да соработуваат по клучните глобални прашања.

Во колумна објавена во денешното издание на „Вашингтон Пост", Медведев вели дека обете земји во своите односи не смеат да толерираат „забавеност и индиферентност."

Рускиот лидер истакнува дека отстранувањето на, како што ги нарече, „токсичните елементи" во американско-руските односи, ќе помогне да се обезбеди „рамноправност и заедничка полза."

Тој рече и дека плановите на претходната американска администрација за инсталирање на систем за противракетна одбрана во Источна Европа, поддршката за проширување на НАТО и одбивањето да го ратификува Договорот за конвенционални вооружени сили во Европа, ги нарушуваат руските интереси.

Медведев утре во Лондон се очекува да се сретне со американскиот претседател Обама на маргините на економскиот самит на Групата 20. Руските претставници велат дека во разговорите на обајцата лидери ќе биде вклучено и прашањето на иранската нуклеарна програма.

XS
SM
MD
LG