Според ново испитување на јавното мислење, поголемиот дел од Америкаците го одобруваат начинот на кој претседателот Барак Обама се справува со американската економија.
Шеесет проценти од испитаниците ва анкетата што ја спроведоа Вашингтон Пост и Еј-Би-Си, го поддржуваат пристапот на Обама за решавање на економската криза.
Но, само 64 проценти од анкетираните рекле дека се сигурни оти политиката на Обама ќе ја подобри економијата, намалување од 72-та процента пред да ја преземе претседателската функција.
Анкетата покажува и дека Американците не ја обвинуваат актуелната администрација за економските проблеми во земјата. Осумдесет проценти сметтат дека за тоа се виновни банките и други финансиски институции, додека 70 проценти ги обвинуваат потрошувачите заради огромната задолженост. Испитаниците велат дека вината за актуелната економска криза треба да се припише и на слабата регулатива на претседателот Буш.