Американскиот претседател Барак Обама е на пат за Лондон
каде ќе учествува на самитот на 20-те најголеми економии во светот. Ова е негова прва посета на Европа откако е
на функцијата претседател.
Обама повикува на самитот учесниците да истапат со силна
порака на единство. Тој замина за Лондон утрово по локално американско време од
воздухопловната база во близина на Вашингтон.
Новиот американски претседател се соочува со се поголеми разлики
за начините за справување со глобалната економска криза.
Франција, како и неколку други европски земји, бараат
воведување на поостри финансиски регулативи, додека САД и Британија се залагаат
за поттикнување на потрошувачката што би помогнала за опоравок на
економијата. Францускиот претседател
Николас Саркози изјави дека нема да прифати самит од кој не би произлегло нешто
повеќе од, како што го нарече, „лажниот успех.“