Линкови за пристапност

Пакистански талебански командант ја презеде одговорноста за нападот во Лахоре


Командантот на пакистански Талебан ја презеде одговорноста за смртоносен напад на полициска академија и се закани дека ќе ги нападне САД.

Во телефонско интервју со неколку новински организации, Баитула Мехсуд кажа дека нападот во Лахоре е изведен во знак на одмазда за поддршката на пакистанската влада на американски напади со беспилотни летала на далечинско управување во племенските области кои се на граница на Пакистан со Авганистан.

Тој исто така ја отфрли наградата од пет милиони долари што САД ги нудат за негово фаќање, велејќи дека нови напади се на пат чија цел се САД.

Мехсуд за Асошиејтед прес кажа дека напад на Вашингтон ќе се случи „брзо" и ќе го „запрепасти" светот.

Понеделничките напади на објект за полициска обука оставиле осуммина регрути мртви. Вооружени лица упаднале во комплексот за време на утринските вежби, земале заложници и пукале на кадетите.

По осумчасовен конфликт, стотици пакистански командоси влегле во зградата, преземајќи ја контролата.

Министерството за внатрешни работи вчера кажа дека најмалку тројца од напаѓачите се уапсени и други тројца се разнеле себе си со самоубиствени елеци.

Шефот на Министерството за внатрешни работи кажа дека еден од осомничените што е притворен е од Авганистан.

XS
SM
MD
LG