Американскиот претседател Барак Обама во вторник заминува во прва посета на Европа откако стапи на функцијата, со мошне набиена станица на која се средбата на Г-20 во Лондон и самитот на НАТО во Германија и Франција. Обама во осум дена ќе посети пет земји – Британија, Франција, Германија, Чешката Република и Турција.
За време на средбата на групата 20 најразвиени економии во светот во Лондон, Обама планира да се сретне со премиерите на Британија и на Индија, претседателите на Кина и Русија, како и кралот на Саудиска Арабија.
Средбите на Обама на самитот на НАТО ќе бидат насочени на Авганистан. Американскиот претседател ја изложи својата страегија за Авганистан минатата недела, и таа вклучува испраќање на дополнителни 4.000 војници во земјата, покрај 17-те илјади за кои претходно најави дека ќе бидат испратени како засилување. Генералниот секретар на НАТО Јап де Хуп Шефер смета дека планот на Обама е „реалистичен во однос на она што може да биде остварено".
Обама за време на престојот во Франција ќе се сретне со
претседателот Никола Саркози, а во Германија со канцеларката Ангела
Меркел. Во Чешката Република
ќе учествува на самит САД-ЕУ и ќе одржи говор за ширењето
на оруже, а турнејата ќе ја заврши со посетата на Турција, каде ќе се сретне со
претседателот Абдула Ѓул и ќе одржи тркалезна маса со студенти, во обид да
допре до младите во регионот.