Линкови за пристапност

Веб-страница во избор на Гласот на Америка – www.100hoursofastronomy.org


2009-та е Меѓународна година на астрономијата, а од 2-ри до 5-ти април љубителите на ѕвездите се поканети да ја посетат www.100hoursofastronomy.org, или „100 часа посветени на астрономијата". Прославата ширум светот, освен на Интернет, ќе се одвива во Филаделфија и според очекувањата, ќе биде најголем јавен настан за астромијата годинава.

Мајк Симонс е еден од организаторите на овој глобален настан на кој луѓето од цел свет ќе можат да ги споделат своите искуства во набљудувањето на ѕвездите.

„Тоа ќе можат да го сторат фрлајќи поглед преку светски најголемите телескопи, вселенските телескопи, или пак соопствените", вели Симонс.

Манифестацијата „100 часа посветени на астрономијата" официјално започнува на 2-ри април во Институтот Франклин Рузвелт во Филаделфија. Посетителите на музејот во Институтот ќе имаат ретка можност да го видат и телескопот од кој Галилео пред 400 години гледал во небото. Настанот ќе биде пренесуван во живо на страницата www.100hoursofastronomy.org.

Одзивот е огромен. Симонс вели дека веќе регистрирале 1.000 настани во 140 земји ширум светот посветени на астрономијата, а поттикнати од централната манифестација.

2009-та е Меѓународна година на астрономијата. Иако страницата беше креирана за да го промовира само настанот, Симонс очекува дека таа уште долго ќе остане на Интернет.

Круна на настанот ќе биде 24-часовната глобална забава на ѕвездите, преку која ќе се поврзат луѓето со телескопи од цел свет. На тој начин, од 2-ри до 5-ти април очите на многумина набљудувачи на небото ќе бидат свртени кон Месечината и Сатурн, што се теми на забавата.

XS
SM
MD
LG