Линкови за пристапност

Британскиот премиер посочува на координиран напредок воочи економскиот самит

  • Том Риверс

Британскиот премиер Гордон Бараун вели дека светските лидери бележат добар напредок во изработката на координирана акција што треба да биде обелоденета на економскиот самит во четврток во Лондон.

И покрај разликите меѓу одредени европски земји-учеснички на престојниот самит, за евентуални натамошни пакети помош за стимулирање на економиите, премиерот Браун смета дека светот се зближува за заеднички да се справи со рецесијата.

Браун тукушто се врати од турнејата по неколку земји, вклучувајќи ја Франција, САД и Јужна Америка, за да ја добие поддршката за истапување со заедничка економска акција. Тој рече дека од самитот во Вашингтон во ноември е направено многу.

„Секоја од поголемите економиии презема акција за стимулативен развој. Имаше координирани намалувања на каматните стапки, даночни скратувања, зголемена потрошувачка и изнаоѓање на нови начини за внесување ресурси во економијата", истакна британскиот премиер.

Тој рече дека треба да се изградат договорените стандарди за реформи во глобалната економија на места каде е постигнат напредок, но дека тоа не е се зашто претстои уште многу работа.

„Акција е преземена во Британија, Америка и Австралија, како и во многу други земји, со цел заострување на финансиската регулатива и нејзино доведување во сооднос со реалноста на глобалните финансиски пазари на 21-от век", рече Браун.

Иако годинава се предвидува пад на економскиот развој во повеќето од развиените земји, за прв пат од Втората светска војна наваму, британскиот „Фајненшал Тајмс" пишува дека учесниците на самитот на Г20, ќе се фокусираат на начините за напредок во 2010 година.
XS
SM
MD
LG