Линкови за пристапност

Првиот човек на ГМ си даде оставка


Рик Вагонер, генералниот директор на автомобилскиот гигант Џенерал Моторс замина од функцијата на барање на американскиот претседател Барак Обама.

Тоа го расчисти патот Обама денес да најави дека ќе додели дополнително време од 60 дена на Џенерал Моторс да се реструктуира и под ново раководство да понуди остварлив деловен план во замена за владина помош. Повеќе време ќе добие и третиот најголем производител на авотомобили во САД, Крајслер – 30 дена за да го заврши соединувањето со италијански Фиат. Доколку соединувањето е успешно, владата ќе додели нови 6 милијарди долари помош на Крајслер.

И Џенерал Моторс, и Крајслер како предуслов за помошта требаше да поднесат планови за реструктуирање, но виши владини лица наведуваат дека тие не биле реалистични. Компаниите веќе добија над 17 милијарди долари во вид на заем од владата а побараа доплнителни 21 милијарда. Третиот главен авто-производител Форд не побара помош.

XS
SM
MD
LG