Линкови за пристапност

Обама се среќава со директорите на водечки банки во САД 


Владината стратегија за поттикнување на економијата е тема на денешната средба на американскиот претседател со директорите на неколку водечки банки во земјата. Средбата доаѓа на крај на интензивна недела за Барак Обама и неговите економски советници.

Во понеделникот, владата најави дека во соработка со приватниот сектор ќе отстрани до 1 трилион долари таканаречена „токсична актива“ во банките што имаат проблеми во работењето.

Во четвртокот, секретарот за финансии Тимоти Гајтнер побара Конгресот да и` даде на владата поголеми овластувања за да може да ја следи ситуацијата и да реагира во големите финансиски корпорации. Според денес објавените економски податоци, пак, потрошувачката на мало се зголемила за две десетини од процент, и тоа е втор месец како таа е во пораст.

XS
SM
MD
LG