Линкови за пристапност

САД и Јапонија подготвени за лансирањето на ракетата од страна на Северна Кореја


Јапонија и САД ги мобилизираа капацитетите за блокирање на проектили воочи најавеното лансирање на ракета во Северна Кореја наредниот месец.

Јапонскиот министер за одбрана Јасуказу Хамада кажа дека владата наложила армијата да собори опасни отпадоци што може да паднат на јапонска територија поради лансирањето. Од истата причина се очекува Јапонија да ги префрли своите проектили кон северното крајбрежје.

Според новинските извештаи, во кои се пренесуваат армиски лица, американската морнарица во водите околу Јапонија распоредила воени бродови што може да следат и соборуваат проектили.

САД, Јапонија и Јужна Кореја ја обвинија Северна Кореја дека го користи лансирањето за да го испроба својот капацитет за балистички проектили. Денеска истапи и Русија, барајќи Северна Кореја да го откаже лансирањето. Официјален Пјногјанг, пак, тврди дека планира да лансира комуникациски сателит меѓу 4-ти и 8-ми април. Ракетата треба да мине над северниот дел на Јапонија.

XS
SM
MD
LG