Линкови за пристапност

Хилари Клинтон порача дека САД ќе му помогнат на Мексико во борбата против дилерите со дрога


Во Мексико, државниот секретар Хилари Клинтон вети дека администрацијата на Обама ќе стои рамо до рамо со Мексико во борбата за сузбивање на картелите со дрога и призна дека и САД имаат дел од вината за развојот на настаните.

Клинтон беше во Мексико во подготовка на теренот за посетатата на претседателот Обама следниот месец.

Првата јужно-американска турнеја на секретарот Клинтон првенствено беше насочена кон смирување на вознемиреноста во Мексико по некои американски анализи дека владата на претседателот Филип Калдерон ја губи војната со картелите на дрога и оти Мексико можеби е на пат да стане пропадната држава.

Во разговорите со претседателот Калдерон и други високи официјални лица, како и по серија интервјуа во мексиканските медиуми Клинтон ја подвлече американската верба и вистинска поддршка за мексиканската влада.

На прес-конференција со нејзиниот мексикански колега Патрициа Еспоноза, Клинтон ја поздрави како што рече големата храброст и определба на Калдерон и оцени дека американско-мексиканските односи се посилни од било кој проблем со кој се соочуваат, вклучувајќи го и насилството повзано со дилерите на дрога: „Уверени сме дека храбрите напори преземени од претседателот Калдерон, владата, армијата и полицијата на Мексико, како и напорите кои се преземаат за запирање на корупцијата и изградба на силни институции, ќе донесат успех. Ние ќе стоиме до вас во тие напори. "

Клинтон, изложувајќи го планот на администрацијата на Обама за спречување на криумчарењето дрога, готовина и оружје, истакна дека САД на Мексико ќе му дадат повеќе од 80 милиони долари за купување на американски хеликоптери за зајакнување на арсеналот оружје во борба против дилерите.

Таа рече дека и САД имаа одговорност од другата страна на границата, да помогнат во борбата против трговците со оружје: „Прифаќаме дека се работи за ко-одговорност. Знаеме дека дилерите се мотивирани да купат дрога на илегален начин во САД, и затоа имаме одговорност да и помогнеме на мексиканската влада и нејзините граѓани во поразување на непријателот кој врши насилство и повредува недолжни".

Шефот на мексиканската дипломатија Еспиноза од своја страна ја поздрави посетата на американски официјални лица во Мексико.

Американскиот секретар за домашна безбедност Џанет Наполитано и главнот обвинител Ерик Холдер на почетокот на следните месец ќе ги продолжат разговорите за соработка против трговците со дрога.

Претседателот Обама кон средина на април ќе го посети Мексико пред да замине на Самит на Јужна и Северна Америка, што се одржува во Тринидад и Тобаго.

XS
SM
MD
LG