Линкови за пристапност

Кина ја повика американската влада да прекине со објавување на годишниот извештај за состојбата на кинеската армија


Кина ја повика американската влада да прекине со објавување на годишниот извештај за состојбата на кинеската армија, велејќи дека последниот документ е „неоснован“ и претставува „големо мешање во кинеските внатрешни работи.“

Едно од прашањата во извештајот се однесува на натрупувањето на проектили во Кина насочени кон Тајван. Портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи рече дека Тајван е најчувствителното прашање во американско-кинеските односи и го повика Вашингтон да преземе позитивни чекори за да го поддржи мирниот развој на односите меѓу Тајван и Кина. Пекинг ги прекина армиските контакти со Вашингтон минатиот октомври во знак на протест поради продажбата на оружје на Тајван.

XS
SM
MD
LG