Линкови за пристапност

Северна Кореја се подготвува за лансирање, предизвика загриженост


Американски претставници велат дека Северна Кореја поставила ракета од долг домет на лансирна рампа – потег што предизвика меѓународни предупредувања.

Јужнокорејското Министерство за одбрана ја предупреди Северна Кореја да запре со подготовките за лансирање, бидејќи тоа би претставувало сериозен предизвик и провокација за безбедноста во Североисточна Азија. Јапонскиот совет за безбедност, пак, утре ќе се сретне за да разговара за наредба за соборување на проектили.

Северна Кореја најави дека планира да лансира комуникациски сателит меѓу 4-ти и 8-ми април, но САД, Јапонија и Јужна Кореја тврдат дека земјата практично ќе изврши тест на свој проектил. Се верува дека балистичките проектили од типот Таеподонг-2 можат да достигнат до американската сојузна држава Аљаска.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон лансирањето го нарече „провокативен“ чекор, додавајќи дека ќе има последици доколку Северна Кореја го реализира планот.

XS
SM
MD
LG