За ваквата промена е потребно одобрение од Конгресот и секретарот за финансии Тимоти Гајтнер денеска во Вашингтон на распит ги објаснува деталите на владиниот предлог. Владата веќе има овластување да преземе контрола врз банките, да ги отстрани нивните проблематични кредити, како и да постави нови раководства во нив.
Новото владино барање би и` овозможило да преземе слични постапки за небанкарските институции, како што е осигурителниот гигант Американ интернешенел груп, кој мораше да прими владина парична помош за да избегне колапс.
Како да се избегне финансиски колапс во иднина најверојатно ќе биде главаната тема на денешната Интернет-средба со граѓани на Белата куќа, во која претседателот Обама одговара на прашања на Американците.