Линкови за пристапност

Американскиот среден запад очекува нови поплави


Стотици доброволци се пријавија во американската држава Северна Дакота да им помогнат на трупите на националната гарда.

Тие заедно градат песочни бариери против водата што надоаѓа од Црвената река, која веќе поплави области по своето течение.

Претседателот Барак Обама објави дека Северна Дакота е област погодена од природна непогода што значи дека федералната влада ќе плати 75 проценти од штетата и напорите за справување со поплавите на државните и локалните власти.

Поплавите веќе предизвикаа затворање на патишта и мостови, а водата се очекува и натаму да расте.

Теренот околу Црвената река е низок и рамен, што значи дека излеаната вода зафаќа големи површини. За нејзино повлекување стручњаците велат ќе требаат недели.

Поплавите се проблем и во соседната Минесота, која како и Северна Дакота се граничи со Црвената река која тече кон Канада.

Слична катастрофа регионот доживеа во 1997.



XS
SM
MD
LG