Линкови за пристапност

Боровинките, ново супер-овошје!


Има два вида на боровинки, домашни и диви. Првите растат на високи грмушки, култивирани се, додека дивите се на ниски грмушки.

Дејвид Јарборо, професор по хортикултура при Универзитетот на Мејн и експерт за боровинки, вели дека има стотици различни видови на диви боровинки кои растат по планините.

Различните видови на боровинки имаат и различен вкус и продуктивност. Наместо еден или два вкуса имаме мешавина од различни вкусови по полињата што даваат уникатен производ, вели професорот од Мејн.

Мејн е единствена сојузна држава која го произведува ова овошје. Тука се одгледуваат 30 проценти од дивите боровинки во Северна Америка, што претставува најголем поединечен производител во светот.

Најголем дел од останатите боровинките во светот се одгледуваат во канадските провинци.

Лани, Мејн произведе 36 милиони килограми диви боровинки и заработи 72 милиони долари.

На некој начин се натпреваруваме со другите боровинки од Канада, кои се култивирани, но и со оние кои доаѓаат од Чиле, но дури и Кина почна да го шири производството со боровинки, вели професорот Јарборо.

Индијанците ги користеле боровинки за готвење, но и како лек.Тие научиле дека ако одвреме-навреме ги опожарат полињата со боровинки, следната година таа ќе даде уште поголема берба. Јарборо вели дека таа пракса и денес е во примена во Мејн. Половина од растението е под земја, и со горењето, следната година изртуваат повеќе гранки кои донесуваат многу повеќе плодови.

Независно дали се диви или домашни, боровинките се добри по здравјето. Тие се богати со витаминот Це и Е. Побарувачката за боровинки нагло пораснаа кога научниците докажаа дека овој вид на овошје е богат со анти-оксиданти.

Дивите боровинки имаат најголемо ниво на антиоксидрати од било кое овошје.

Научниците од Универзитетот во Мејн извршија неколку истражувања. Едното истражување беше фокусирано на кардиоваскуларниот систем и ефектите кои боровинките ги имаат за подобрување на циркулацијата и намалувањето на воспалението на артериите. Другото истражување беше направено за да се види како боровинките влијаат луѓето да чувствуваат дека се сити со помалку конзумирање храна.

Извршени се и други истражувања како за тоа како дивите боровинки помагаат во третманот на алцхајмеровата болест и дијабетисот. Професорот Јарборо вели дека тие не ги спречуваат болестите, но помагаат да се забави напредувањето на болеста, како и да се подобри здравјето и функционалноста. „Се обидуваме да ја рашириме оваа информација“, вели тој, „а целта ја постигнуваме зашто гледаме зголемено барање за боровинки“.

Додека одгледувањето на диви боровинки не е лесна работа, многу земји ширум светот од Германија, до Италија, Уругвај и Јужна Африка сега почнаа да ги одгледуваат и да го извезуваат овој вид на овошје.

Изградени се неколку фабрики и во Кина, а тим од научници по земјоделство и хоркикултура од индискиот Универзитет Даполи ги стандардизираа боровинките во процесот за правење вино.

XS
SM
MD
LG