Линкови за пристапност

Распит за номинацијата на Кристофер Хил на функцијата амбасадор на САД во Ирак


Во Сенатската комисија за односи со странство се одржa распит посветен на номинацијата на Кристофер Хил на функцијата американски амбасадор во Ирак.

Хил рече дека во Ирак е постигнат огромен напредок, но дека има дополнителни предизвици. Тој кажа дека американските и ирачките власти се загрижени за иранското влијание во Ирак.

За време на распитот овој американски дипломат истакна дека предизвиците во Ирак вклучуваат справување со корупцијата, одржување на економскиот развој, зајакнување на владеењето на правото и продлабочување на почитувањето на човековите права.

Хил претходно раководеше со преговорите за прекин на севернокорејската нуклеарна програма, а Белата куќа застана зад неговата номинација, нарекувајќи го „особено квалификуван" за новата функција. Хил има поддршка од преседавачот на Комисијата, демократскиот сенатор Џон Кери, како и од влијателниот републикански сенатор Ричард Лугар.

Републиканските сенатори Џон Мекејн и Линдзи Греам, пак го критикуваа Хил, велејќи дека нема доволно искуство по прашањата поврзани со Блискиот Исток, како и дека неговиот учинок во однос на Северна Кореја е „контроверзен." Сенаторите побараа од претседателот Обама да го преиспита својот избор.

XS
SM
MD
LG