Линкови за пристапност

Клинтон во посета на Мексико, поддршка за сузбивање на картелите за дрога


Американската државна секретарка Хилари Клинтон од денес е во дводневна посета на Мексико, да ги поддржи напорите на оваа земја во борбата против трговците со дрога.

Клинтон во Мексико Сити има средби со претседателот Филипе Калдерон и секретарот за надворешни работи Патриција Еспиноза. Американски владини лица велат дека целта е да се покаже поддршката на САД за акцијата на мексиканскиот претседател за сузбивање на картелите за дрога, како и да се острани загриженоста за стабилноста на земјата поради насилствата долж границата со САД со кои возвратија трговците со дрога на владината акција.

Американската влада вчера најави нови мерки против пограничниот шверц со лекови, пари и оружје, што е поврзан со трговијата со дрога. Планот повикува на распоредување на дополнителни патроли федерални агенти, експерти и соодветна опрема на границата со Мексико.

XS
SM
MD
LG