Кина
вели дека бројот на невработени мигрантни работници во земјата достигнал 23
милиони, што е зголемување во споредба со претходната проценка од 20 милиони.
Кинеското национално биро за статистика во
вторник објави дека повисоката стапка на
невработеност ја темели на
истражување на изведено врз 68 илјади домаќинства во месеците пред празниците на Лунарната Нова
година.
Висок претставник на руралното планирање минатиот
месец процени дека 20 милиони мигранти се без работа.
Кинеските лидери често предупредуваат на
социјални немири со враќањето на се
поголем број мигранти во нивните сиромашни
села откако останале без работа во градовите. Многу кинески фабрики отпуштаат
работници како резултат на глобалната
економска криза.
Кинеското статистичко биро вели дека околу 11
милиони мигранти сеуште не можеле да најдат работа во кинеските градови на почетокот на март, откако
јануарската Лунарна Нова година ја минале во нивните села.
Кина исто така искусува голем пораст на невработеност меѓу дипломирани студенти.