Линкови за пристапност

Претседателот гледа „знаци на прогрес“ во американската економија


Американскиот претседател Барак Обама синоќа се обиде да собере јавна поддршка за својата економска политика и буџетски план, велејќи дека во државата има „знаци на прогрес" во опоравувањето од тешката рецесија.

Претседателот на прес-конференцијата во Белата куќа кажа дека неговата администрација работи на долгорочен растеж на економијата, но предупреди дека нема брзи решенија за многубројните економски проблеми на државата. Обама повтори дека ќе го намали огромниот проектиран буџетски дефицит на половина до крајот на неговиот прв мандат, но кажа дека нацијата мора да направи тешки избори.

Прашањата за економијата доминираа на конференцијата за новинарите. Обама кажа дека ќе е потребен меѓународен напор да се поправи глобалната економија. Тој рече дека негов фокус на економската средба на Г-20 (на водечките индустријализирани и нации во развој) во Лондон следниот месец ќе биде дека нациите треба да сторат се што е потребно за создавање работни места, избегнување на протекционизам и покренување на глобалната економија.

Прес-конференцијата дојде во време кога јавната лутина е голема во врска со милионите долари исплатени бонуси на вработени во осигурителниот конгломерат Американ интернешенал Груп или АИГ, компанија што доби милијарди долари владина помош.

Во однос на АИГ Обама кажа дека администрацијата нема потребни алатки што и требаат за да регулира компанија како АИГ за да ги реши нејзините тешкотии. Тој кажа дека владата треба да добие таква моќ.

Американските законодавци, и опозициските Републиканци и членови на Демократската партија, се повеќе го критикуваат предлог-буџетот на претседателот од 3,6 трилиони долари и огромниот пректиран дефицит.

Обама денес се среќава со сенатските Демократи.

Претседателот одговори на прашање за одлуката да се симнат ограничувањата на федерално финансирани истражувања на клетки што поттикнуваат развој. Тој рече дека верува оти се потребни упатства од администрацијата за да се одговори на етичките тестови на истражувањата.

XS
SM
MD
LG