Линкови за пристапност

Србија одбележа 10 години од нападите од НАТО


Со сирени и комеморации ширум Србија беше одбележана 10-тата годишнина од воздушната акција на НАТО што стави крај на акциите на Косово на режимот на сега веќе починатиот југословенски претседател Слободан Милошевиќ.

Властите во Белград ја осуди акцијата на НАТО. Српскиот премиер Мирко Цветковиќ ја нарече илегална и оцени дека таа не ги реши проблемите на Косово. Училиштата денеска почнаа со настава со едноминутен молк во знак на 2.500 цивили, колку што владата тврди дека загинале за време на 78-дневното бомбардирање.

Околу 15.000 мировници на НАТО се` уште се во Косово, кое објави независност од Белград лани и досега го признаа 56 држави.

Бомбите на НАТО уништија многу југословенски патишта, мостови и фабрики пред Милошевиќ да го признае поразот во јуни 1999-та. Тој почина за време на процесот против него во Хашкиот суд.

Српски и косовски претставници разменија горчливи обвинувања за време на средбата на Советот за безбедност на ОН во Њујорк во понеделникот. Првиот човек на косовската дипломатија Скендер Хисени ја обвини Србија дека го блокира членството на неговата влада во регионални и меѓународни организации. Српскиот претседател Борис Тадиќ излезе со контраобвинување дека Косово не ги почитува основните човекови права на српското малцинство.

XS
SM
MD
LG