Линкови за пристапност

ОН:  Се` поголем број барања за азил од земјите погодени од војна


Борбите во Авганистан, Шри Ланка и другите земји каде се води војна довеле до зголемување на бројот на лица кои бараат азил во индустријализираните земји, соопшти Агенцијата на ОН за бегалци.

Приближно 383.000 лица побарале азил во Европа, Северна Америка и другите индустријализирани региони минатата година. Бројот на пријавени е за 12 проценти повисок од 2007-ма.

Според ОН, повеќето барања доаѓаат од Ирак – од оваа земја се пријавиле 40.500 лица. Бројот на пријави од Авганистан лани се зголемила лани за 85 проценти, или 18.500 пријавени, како резултат на се` поинтензивните борби во земјата. Се зголемил бројот на барања за азил и од Сомалија – за 77 проценти.

XS
SM
MD
LG