Линкови за пристапност

Вашингтон бара нови ингеренции за средување на финансискиот сектор


Американскиот претседател Барак Обама се надева дека Конгресот неодложно ќе и одобри на владата нова законска моќ да им помогне на финанските фирми кои западнале во проблеми, како осигурителниот гигант Американ интернешенал груп - АИГ, на пример.

Обама говореше во Белата куќа во исто време кога првиот човек на федералните резерви Бен Бернанки на расоит во Конгресот кажа дека да се дозволи голема компанија од типот на АИГ да пропадне би предизвикало глобален финансиски крах со катастрофални последици.

Владата веќе има овластување да преземе контрола врз банките кои имаат проблеми во работењето, да ги откупи лошите кредити, а добрите кредити да им ги продаде на конкурентните банки. Таа сега размислува за слична постапка и во големите финансиски фирми како компаниите за осигурување или инвестиционите фирми кои би можеле да го оштетат целиот финансиски систем доколку пропаднат. Ова е дел од предвидената серија регулаторни реформи што имаат цел да спречат повторување на сегашната финансиска криза.

XS
SM
MD
LG