Американски официјални лица ќе се појават пред конгресниот распит и ќе дискутираат за контроверзниот финансиски план за спасување.
Првиот човек на федералните резерви Бен Бернанки и секратарот за финансии Тимоти Гајтнер најверојатно ќе бидат испрашувани за потегот на осигурителната компанија АИГ – Американ Интернешенал Груп, која искористи 165 милиони долари од даночните обврзници да ги исплати бонусите за извршните директори.
Владата се обиде да го стабилизира АИГ со 170 милијари долари од планот за спасување, истакнувајќи дека е глобалната компанија е премногу голема да се дозволи нејзино пропаѓање.
Јавниот обвинител на Њујорк во понеделникот рече дека извршни лица од АИГ засега се договориле да вратат 50 милиони долари од сумата издвоена за бонуси.
Претседателот Барак Обама најверојатно ќе ја брани својата економска стратегија за време на телевизиското обраќање до нацијата.