Според обемна нова студија, повеќето од луѓето кои конзумираат големи количини на црвено и процесирано месо, се соочуваат со зголемен ризик за прерана смрт од рак или срцево заболување.
Во испитувањето на Американскиот институт за болести поврзани со ракот, кое било изведувано една деценија, се вклучени преку 500.000 мажи и жени меѓу 50 и 71 година, а бил следен нивниот начин на исхрана. Во овој период починале преку 70.000 испитаници.
Научниците откриле дека мажите кои јаделе најмалку 62 грама хамбургер дневно, имале 27 проценти поголеми шанси да починат од срцево заболување и 22 процента да починат од рак. За жените регистрирани се 50 проценти поголеми шанси да починат од срцево заболување и зголемен ризик од 20 проценти да умрат од рак.