Линкови за пристапност

Најзначајна турнеја во странство на австралискиот премиер


Австралискиот премиер Кевин Руд е на пат за САД, на неговата прва средба со претседателот Барак Обама, а разговорите главно ќе се фокусираат на глобалната финансиска криза. Тој во дво-неделната турнеја ќе ја вклучи и Европа, со присуство на Самитот на 20 развиени и земји во развој.

Од австралиска страна, истакнати членови на владата велат дека турнејата на Кевин Руд низ САД и Европа, може да биде една од најважните откако е на функцијата, додека светот се соочува со, како што се нарекува, најсуровата економска криза во последниве 80 години.

Глобалната рецесија ќе биде во фокусот на разговорите на премиерот Руд со претседателот Обама во Белата куќа, при што Руд главно е заинтересиран за престојните реформи во проблематичниот банкарски ситем во САД, како и ослободувањето на таканаречените токсични долгови, во чии рамки се и проблематичните заеми за недвижнини.

Австралискиот лидер потоа ќе замине за Лондон, на средби на кои се очекува да повика да се обезбедат дополнителни ресурси за Меѓународниот монетарен фонд кој го надгледува работењето на светскиот финансиски систем.

Владата на Руд се залага и за тоа Кина да има поголема улога во ММФ, за да помогне во излезот од светската економска криза.

Пред да замине за САД, Руд изјави дека би земал предвид испраќање на дополнителни австралиски трупи во Авганистан, доколку администрацијата на Обама тоа го побара.

Изминатава недела во борбите со милитантите во Авганистан, загинаа двајца австралиски војници, со што бројот на загинати австралиски трупи во земјата, сега се зголеми на десет.

XS
SM
MD
LG