Линкови за пристапност

Австралискиот премиер патува за Вашингтон 


Австралискиот премиер Кевин Руд патува за САД на прва средба со американскиот претседател Барак Обама.

Руд полета од Канбера за Вашингтон и се очекува во вторник да има средба со Обама.

Спроти заминувањето за САД, австралискиот лидер рече дека ќе изврши притисок со цел Кина да има поголема улога во меѓународниот монетарен фонд на самитот на Г-20 што следниот месец ќе се одржи во Лондон. Руд рече дека ќе разговара за предлогот со американскиот претседател.

Руд ќе оди во Лондон по престојот во САД.

Австралискиот министер за финансии Вејн Сван рече дека
Руд е во странство во време кога локалната економија брзо се лизга надолу.

Белата куќа неодамна соопшти дека Обама очекува со Руд да дискутира за важни глобални прашања, вклучувајќи ја финансиската криза, Авганистан, климатските промени и забраната за ширење на нуклеарно оружје.

Австралија е важен сојузник во војната во Авганистан предводена од САД, каде околу 1100 војници се дел од меѓународните сили кои војуваат со Талибанците.

XS
SM
MD
LG