Астронаутите на меѓународната вселенска станица денеска ќе ја имаат нивната трета и последна вселенска прошетка пред да се вратат на земјата.
Двајца астронаути ќе се обидат да извршат поправка на несоодветно инсталиран дел од платформата за карго.
Директорите на летањето се подготвија за вселенска прошетка со репозиционирање на стацицата во орбитата со цел шатлот Дискавери да одбегне мало количество на отпад што требало да мине во близина на астронаутите.
Отпадот е дел од истрошена кинеска ракета.
И покрај компликациите, екипажот на шатлот веќе успешно ја заврши примарната мисија да инсталира крила со соларни плочи на станицата.
Во внатрешноста на вселенската станица, астронаутите работеа на нов систем за пречистување на водата со цел да се создаде вода за пиење од урина и кондензација. Се појавиле проблеми за време на тестирањето на системот.
Шатлот Дискавери треба да се врати на Земјата в сабота.