Авганистанското Министерство за надворешни работи ги поздрави неодамнешните изјави на Авганистанското Министерство за надворешни работи ги поздрави најавите на американскиот претседател Барак Обама за новиот план на САД, што вклучува и стратегија за заминување на меѓународните сили од Авганистан.
Актуелната администрација изготвува нова стратегија за справување со растечкото насилство во Авганистан, како и поттик за слабата централна влада во земјата.
Планот, што се очекува да биде објавен неделава, содржи зголемени дипломатски активности и поголем број американски трупи кои ќе се обидат да се справат со се поголемото беззаконие.
Во интервју за телевизијата Си-Би-Ес, претседателот Обама истакна дека мора да има стратегија за излез на меѓународните сили.
Портпаролот на авганистанското Министерство за надворешни работи, Султан Ахмад Баен изјави дека владата ги оценила изјавите на Обама како „мошне позитивни.“
„Тој има сеопфатна стратегија, што ја вклучува војната против теророт, развојот на Авганистан, како и добро управување во земјата“, рече Баен.
Авганистанската влада во голем дел зависи од меѓународните безбедносни сили и странски донатори, за да обезбеди средства, ресурси и безбедносни трупи. Но намалувањето на бројот на меѓународни војници, како и воздушните напади од кои гине цивилно население, придонесе за затегнување на односите. Претседателот Карзаи ова прашање го нарекува најголемиот извор на тензијата со странските трупи.
Најновата спорна вооружена акција се случи вчера, кога трупите под американско водство убиле петмина осомничени милитанти во северен Авганистан. Локалните власти и Министерството за внатрешни работи велат дека жртвите биле цивили.
Султан Ахмад Баен изјави дека авганистанските власти се подготвени да обучат доволен број авганистански трупи, со цел меѓународните сили да можат да ја напуштат земјата, без да се грижат за безбедносната ситуација.
Специјалниот американски претставник за Авганистан, Ричард Холбрук во саботата рече дека авганистанските полициски сили се неадекватно обучени и корумпирани. Во моментов на служба се 78.000 полициски офицери, што Холбрук ги нарече „слаба алка“ меѓу безбедносните сили.