Линкови за пристапност

Обама е убеден дека ќе функционира најновиот план за спас на банките


Американскиот претседател Барак Обама рече дека неговиот економски тим е убеден дека последниот дел од неговиот план за спасување на банкарскиот систем ќе резултира со ослободување на кредити.

Обама говореше во Белата куќа по средбата со високи економски официјални лица, вклучувајќи го и секретарот за финансии Тимоти Гајтнер и првиот човек на федералните резерви Бен Бернанки.

Американскиот оддел за финансии претходно објави детали од новиот план за приватно-државно партнерство за откупување на лошите кредити.

Извлекувањето на стотици милијарди долари од таканаречен „токсичен капитал“ од банкарските сметки имаат цел да ја вратат довербата и нормалните кредитни операции.

Ако банките немаат повеќе потреба да имаат големо количество готовина со цел да ги покријат загубите од кредитите што фигурираат во нивните документи, тогаш ќе можат да продолжат со секојдните операции на давање заеми.

Владата ќе обезбеди финансиски гаранции и кредити со ниски каматни стапки со цел да ги охрабри приватните инвеститори да земат учество. Доколку е успешен, планот треба да апсорбира најмалку 500 милијарди долари од лошите заеми.

Официјални лица од Одделот за финансии сооштија дека нивната стратегија е базирана на претпоставка дека раширениот страв, а не економската реалност, го влече надолу целиот финасиски систем.

Претседателот Обама често ги предупредуваше Американците дека економските проблеми може да бидат долготрајни, но дека има знаци на подобрување на пазарот на домување, што може да претставува првичен сигнал дека САД се опоравуваат од рецесија.

XS
SM
MD
LG