Линкови за пристапност

Најефтиниот автомобил во светот е произведен во Индија


Со големи очекувања, конечно е претставен „Нано" - најефтиниот патнички автомобил во светот.

Настанот беше прикажуван во живо на сите индиски ТВ-канали.

Автомобилот Нано е долг нешто повеќе од три метри. Има само 35 коњски сили, а зафатнината на моторот е 624 кубни сантиметри. Со него е означен почеток на социо-економската револуција. Нано потенцијално ќе превезува стотици милиони лица ширум Индија, каде не е невообичаено да забележите четворочлено семејство како се вози на скутер или на мотоцикл.

Претседателот на Тара Мотор, Ратан Тара, вели: „Немавме намера да биде најефтин автомобил. Сакавме на граѓаните да им понудиме можност да поседуват автомобил, кој ќе биде достапен за нив. Се надевам дека успеавме во тоа".

И покрај скоро ограниченото конвенционално рекламирање, првичниот интерес – беше огромен. Компанијата обелодени дека веб-страницата на Нано ја виделе 30 милиони луѓе.

Тата Моторс на 9-ти април ќе започне со примање нарачки – од авто-салоните и преку интернет.

Со цена нешто повеќе од 100.000 рупии или две илјади долари, Нано е за половина поефтин од слични модели на автомобили.

Стандарниот модел на индискиоит Нано ќе нема радио-касетофон и клима уред и само еден брисач. Но, за многу Индијци, да имаат четири тркала и покрив е повеќе од луксузно за таа цена.

XS
SM
MD
LG