Линкови за пристапност

Изборите во Македонија минаа мирно


Неофицијалните резултати покажуваат дека Ѓорѓе Иванов од најголемата македонска партија ВМРО-ДПМНЕ води на претседателските избори, но нема доволно предност да избегне втор круг на гласање.

Љубомир Фрчкоски од главната опозициона партија е на второто место. Вториот круг ќе се одржи на петти април.

Официјални лица велат дека изборите минале мирно, што е во контраст со минатогодишните парламентарни избори во кои имаше насилство, при што едно лице беше убиено.

Македоците исто така избираа локални лидери, во избори што се сметаат за круцијални на нивните надежи за приклучување кон НАТО и ЕУ.

Голем снег беше причина што некои гласачки места во западна Македонија останаа затворени во неделата, но властите велат дека помалку од еден процент од електоратот бил засегнат со оваа ситуација.

Гласањето на овие гласачки места ќе биде презакажано.

Претседателот на заминување Бранко Црвенковски не се кандидираше за втор мандат. Седум кандидати конкурираа за неговото место.

Обезбедувањето беше големо со стотици полицајци кои патролираа и илјадници набљудувачи кои ги следеа изборите низ државата.

Минатата година, на парламентарните избори, имаше многубројни конфликти меѓу соперничките етнички-албански партии, од измама до вооружени престрелки. Со едно лице загинато и неколку ранети, ова се сметаше за најголемо насилство од етничкиот судир во 2001. Степенот на насилство ја поттикна ЕУ да предупреди дека повторување на слична ситуација би ги намалило шансите на Македонија за скоро членство во Унијата.

XS
SM
MD
LG