Линкови за пристапност

Документирано осиромашувањето на еко-системите во океаните  


Нов документарен филм во нарација на актерот Мет Дејмон зборува за лошата состојба на океанските еко - системи.

Филмот беше прикажан на Филмскиот фестивал посветен на екологијата, во Вашингтон и на јавнитетелевизиски станици во државата.

Насловот е „Состојбата на океаните на планетата Земја“, и започнува во крајбрежниот град Авеиро, Португалија, од каде пред 400 години се раселиле јата риби низ Атлантикот. Овие плодни води биле доволни за прехранување генерации.Кон крајот на 20-от век ситуацијата се променила, особено за бакаларот. Рибарите некогаш можеа да ловат бакалар побрзо одошто тој се размножувал. Режисерите Хал и Мерлин Вајнер ја претставуваат оваа тажна реалност во Авеиро, каде големи рибарски бродови буквално `рѓосуват на пристаништата на овој град.

„Отидовме на риболов со овие луѓе кој траеше со часови, за на крајот во мрежите да нема ништо“, вели Хал Вајнер. Тој исто така посочува и на врската на губењето на роболов со начинот на живот во овие краеви.

Потоа камерата не носи во американската сојузна држава Флорида, каде е забележан зрак надеж.На околу 70 милји од Ки Вест водите ги крстосуваат федерални и државни патроли.

Нивната задача е да се заштити еден од најголемите подморски гребени во светот, од човечко влијание и од преголем риболов.

Тој гребен од неодамна почнал да се регенерира, но не смее да се остави на случајот, вели Вајнер, мора да се чува.

Филмското патување потоа води во Гренланд, каде научна експедиција го проучува влијанието на глобалните климатски промени на еколошките системи. Научниците велат дека како резултат на повисоките температури, забележано е побрзо топење на мразот од глечерот. Тие предупредуваат дека доколку се стопи само една мразова покривка нивото на водата во океаните нагло ќе се крене што може да предизвика поплави во земји ниско на крајбрежјето, како Бангладеш на пример.

„Замислете како би изгледало тоа околу 60 до 70 милиони луѓе да бидат трајно раселени заради зголемување на нивото на водата“, вели Хал Вајнер.

Овој документарен филм повикува на акција луѓето да применат вистинска политика за да се реши проблемот со океаните.

Како пример се наведува еден крајбрежен резерват во Белизе кој го штити еко-системот и вработува поранешни рибари во нова индустрија, еко-туризмот.

Документарецот „Состојбата на океаните на планетата Земја“, ќе биде дистрибуиран и како дел од популарна серија на јавната тв-мрежа, која во моментов се користи како образовно средство во училиштата, а се емитува и на поголемите телевизиски станици во светот.

XS
SM
MD
LG