Линкови за пристапност

Обраќање на претседателот Барак Обама Иран по повод Новруз – персиска  Нова Година


Денес сакам да изразам најдобри желби до сите во светот кои го слават Новруз. Овој празник истовремено претставува древен ритуал и момент на обнова и се надевам дека на овој посебен ден ќе уживате во кругот на семејството и пријателите.

Посебно сакам директно да им се обратам на народот и на лидерите на Исламската Република Иран.

Новруз е само еден дел од вашата голема и почитувана култура. Низ вековите, вашата уметност, музика, литература и иновација го направија светот подобро и поубаво место за живеење. И овде во САД, бројни општини станаа подобро место за живеење благодарение на придонесот на Иранците кои живеат овде.

Речиси три децении, односите меѓу нашите две земји се затегнати. Но на овој празник, се потсеќаме на хуманоста што не зближува. Секако дека ќе ја прославите вашата Нова Година на ист начин како што ние, Американците, ги славиме нашите празници, собирајќи се со семејството и пријателите, разменувајќи подароци и доживувања и гледајќи на иднината со ново чувство на надеж.

Во рамки на овие прослави лежи и ветувањето за ново поглавје – ветување за отворени можности за нашите деца, безбедност за нашите семејства, напредок за нашите општини и мир меѓу земјите. Тоа се споделени надежи и заеднички соништа.

Затоа во оваа сезона на нов почеток, сакам да им се обратам директно на иранските лидери.

Имаме сериозни разлики кои се таложеле со времето. Мојата администрација во моментот е фокусирана на дипломатски напори за решавање на бројни прашања кои стојат пред нас, како и на градење на коснтруктивни врски меѓу САД, Иран и меѓународната заедница. Овој процес нема да напредне со закани. Наместо тоа, се залагаме за ангажман што е чесен и заснован на почитување.

И вие имате избор. САД се залагат Исламската Република Иран да го заземе вистинското место во меѓународната заедница. Вие го имате тоа право, но тоа доаѓа со реални одговорности. До тоа место не може да се стигне преку терор или оружје, туку со мирољубиви акции кои се одраз на величината на иранскиот народ и цивилизација. Таа величина не се вреднува преку капацитетот за уништување, туку преку вашата покажана способност да се гради и креира.

Ја користам оваа прилика во честитките за Новата Година, на народот и лидерите на Иран да им порачам да ја осознаат иднината за која се залагаме. Тоа е иднина на обновени односи меѓу нашите народи и поголеми можности за партнерство и трговија. Тоа е иднина во која старата поделеност ќе биде надмината и каде вие, сите ваши соседи и светот пошироко можете да живеете во поголем мир и безбедност.

Знам дека ова нема да биде лесно да постигне. Ќе постојат луѓе кои ќе инсистираат на тоа и натаму да бидеме подвоени заради нашите разлики. Но да се потсетиме на зборовите напишани од поетот Саади пред многу години – Децата на Адам се меѓусебно поврзани зашто се создадени од исто.

Со доаѓањето на новата сезона, се потсеќаме на ова драгоцено човештво што сите го споделуваме. Можеме повторно да се повикаме на овој дух додека бараме ветување за нов почеток.

Во благодарам и Среќна Нова Година!

XS
SM
MD
LG