За оние кои ја сакаат кошарката во САД, почнувајќи од вечерва, наредниве три недели се уживање.
Шеесет и два колеџи и универзитети се натпреваруваат за национална титула. Игрите ги следат милиони, а многумина се кладат на своите прогнози за победникот.
Се вика „Мартовско лудило“. Тоа е врв на универзитетската кошаркарска сезона, кога училиштата се борат да станат национални шампиони.
Ова во САД стана најпопуларниот
спортски настан.
Играат најдобрите училишни
екипи, во таканаречената Дивизија Еден, во Националната асоцијација за
универзитетска атлетиката. Ако изгубат – за нив сезоната е завршена.
Низ цела Америка, во канцелатии и дома, илјадници чекаат на исходот на секоја игра. Фанатици и обични гледачи пополнуваат графи во специјални формулари, пред почеток на игрите.
Играта е предвидување за тоа
кој од тимовите ќе оди понатаму во следните
кругови, познати како „слатки 16“ , „елитни осум“ и „финални четири“, по
што доаѓа – шампионот.
Какви се шансите да се избере
точно меѓу 64те игри? Веб-страница посветена на
спортско кладење вели – еден на 9,2 квинтилиони! Тоа е цифрата 9 по која
следат 18 нули.
Парите што гледачите ги
вложуваат се проценуваат на милијарди долари, ставајќи го „Мартовското лудило“
веднаш по „Супер бол“.
Убавината на шампионатот е што
тимови на кои никој не смета често ги победуваат национално познатите.
Дури и претседателот Обама си
избра победник:
"Одам со Тар Хилс. Вие од Тар Хилс што гледате – ве избрав минатата година
и ме разочаравте. Немојте да ме избрукате сега пред цела нација", кажа тој за спортската
телевизиска мрежа И-Ес-Пи-Ен.
Теоретски, секој од 64те
тимови може да победи во шест игри и да
ја освои титулата. За фанатиците – тоа е лудилото во „Мартовското лудило“.