Наташа Ричардсон, добитничка на наградата „Тони“ и член на британското реномирано театарско семејство Редгрејв, почина по несреќа при скијање. Ричардсон имаше 45 години.
Ричардсон се здобила со тешки повреди на главата по навидум благиот пад за време на час по скијање за почетници во одмаралиште во Канада. Таа во вторникот беше префрлена во болница во Њујорк придружувана од нејзиниот сопруг, познатиот актер со ирско потекло, Лиам Нисон.
Ричардон им подлегна на повредите синоќа опкружена со нејзиното семејство и пријателите.
Како ќерка на покојниот режисер Тони Ричардсон и легендарната британска актерка Ванеса Редгрејв, кариерата на Наташа Ричардсон меѓу другото вклучува главна улога во филмот од 1988, „Пети Хрст“ и 10 години подоцна главна улога во театарската претстава „Кабаре“.
Ричардсон има огромно театарско искуство во лондонскиот театар Вест Енд и на Бродвеј во Њујорк. Нисон и беше втор сопруг на Ричардсон. Тие се запознале во 1993 и заедно играа во филмот „Нел“ од 1994 година. Ричарсон зад себе остави и два сина, едниот 12, другиот 13 години.