Линкови за пристапност

Воениот рок за американските војници - со стриктно времетрање


Американската армија ќе ја укине праксата на принудно продолжување на воениот рок на војниците и по официјалниот датум на прекин на службата, политика која е критикувана дека предизвикува големи проблеми за нивните семејства.

Политката во моментов се однесува на околу 13.000 војници. Оваа пракса беше користена за одржување на бројот на воените единици додека САД се борат во Ирак и Авганистан.

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс се надева дека ќе го намали бројот на војниците кои принудно се се`уште на служба, за половина до 2010 и целосно да стави крај на праксата до 2011 година.

XS
SM
MD
LG