Линкови за пристапност

Претставничкиот дом денес ќе гласа за предлогот за оданочување на бонусите


Законодавците во Претставничкиот дом денеска се очекува да гласаат по легислативата со која би се вовеле 90 процентни даноци на бонусите исплатени на извршните директори на компаниите кои добија федерална помош.

Мерката ќе се однесува на лицата кои заработуваат најмалку 250.000 долари годишно и на бизнисите кои добиле владина помош во висина од најмалку пет милијарди долари. Лидерот на мнозинството во Претставничкиот дом Стени Хојер вели дека очекува легислативата да се усвои без никакви проблеми.

Сенатот разгледува усвојување на слична мерка со која врз таквите бонуси би се вовеле 70-процентни даноци што подеднакво би се поделиле меѓу компанијата и добитникот на бонусот.

Легислативите се одговор на вестите дека американскиот осигурителен гигант, Американ Интернешнал Груп, на извршното раководство му исплатил 165 милиони долари во бонуси додека добил владина помош во висина од 170 милијарди долари за да се спаси од банкрот.

XS
SM
MD
LG